Лесен, брзо впивачки спреј кој брзо и едноставно се нанесува на кожата. Ја штити, освежува и навлажнува кожата на бебето, формирајќи природна заштита благодарение на формулата која содржи есенцијални масла од Eucalyptus Citriodora, Lemongrass и Niaouli.
Chicco Natural-Z ви нуди тројно дејство на кожата:
- ЗАШТИТУВА, благодарение на Eucalyptus Citriodora, Lemongrass и Niaouli есенцијалните масла чиј мирис е непријатен за инсектите.
- ОСВЕЖУВА, благодарение на свежата текстура, која е пријатна за распрскување, не е мрсна, и содржи екстракт од камилица.
- НАВЛАЖНУВА, благодарение на присуството на бетаин и бодликава круша, за мека и свиленкаста кожа.
Состојките се од природно потекло и дерматолошки тестирани на чувствителна кожа.
