Како париски бренд, Bourjois е инспириран од „je ne sais quoi“ што ги прави парижанките толку посебни.
Дизајниравме низа едноставни, паметни алатки за шминкање, живописни бои и лесни текстури - за секоја жена да биде убава без напор.
На секоја жена и ја подаруваме париската тајна за едноставна, но „chic“ убавина.
Во 1924 година, Буржоа создаде фама користејќи ја имагинарната муза: Babette. Оваа атрактивна, самостојна и независна Парижанка зрачеше со радост и хумор. Преку нејзините илустрирани авантури, таа ги водеше жените во уметноста на убавина без напор. Инспирирани, парижанките почнаа повторно да ја измислуваат дефиницијата за убавина во нивниот секојдневен живот. Bourjois е олицетворение на париската убавина и уживањето во шминката.