GARDEN NATURAL FOODS е произведувач на органски производи на сушено овошје од регионот
Ајдин Назили во Турција, препознатлив по производството на природни и здрави производи без употреба на хемиски ѓубрива и штетни пестициди.Производите се органски, произведени на насади лоцирани во незагадена природна средина, наводнувани со природна дождовна вода и зреени на сончева светлина.
Свежите производи се сушат на сонце со природни методи без употреба на никакви адитиви, што резултира со зачувување на природниот вкус и хранливите вредности на производите кои можат да се конзумираат во секое време.
Нашата понуда содржи четири артикли: сушена смоква, сушена кајсија, сушена дудинка и овошен микс од неколку избрани овошја.
Сите производи на GARDENNATURAL FOODS се органски сертифицирани под надзор на меѓународни овластени организации за сертификација.
